Протест против загадувањето во Кочани
Кочанчани на масовен протест против аерозагадувањето кое го предизвикува фабриката за хартија „Paper mil“. Ова е четврто по ред собирање пред фабриката или пред „местото на злосторството“, односно пејпер кил, како што го нарекуваат граѓаните на Кочани.
Проблемот со загадувањето од фабриката трае 2 години и веќе евидентно влијае на здравствената состојба на граѓаните.
Канцерогените заболувања се зголемија, луѓе со бронхо пневмонија, особено сега во корона кризата ова е дополнителна негативна ситуација за која мора да најдеме решение- изјава ГРАЃАНИН НА КОЧАНИ
Инспекциските служби изрекоа казна од 20 000 евра и му наложија на раководството на фабриката да постави филтер на фабричкиот оџак, а производствениот процес да се врши со метан. Поднесена е и кривична пријава од граѓани, но се уште се чека на судска разрешница.
Доколку и овој пат не се најде решение, кочанчани се заканија со блокада на институциите.
Инспекторите им дадоа рок до 15 февруари да инсталираат филтер на оџакот, но граѓаните сметаат дека на тој начин се осудени уште два месеци да дишат токсичен воздух.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар