Протокот на патници на ГП ,,Богородица‘‘ опадна за 30%
Ја нема вообичаената фреквенција на граничниот премин Богородица. Појавата на корона вирусот го намали протокот на патници и возила на најголемиот граничен премин со јужниот сосед. Пограничните служби информираат дека последните денови фреквенцијата е намалена за околу 30% од вообичаеното. Намалување има и во делот на патничкиот, но и кај товарниот сообраќај.
,,Апсолутно е намален протокот на патници и возила на граничниот премин Богородица и тоа некаде до 30%, посебно на патничкиот сообраќај, додека на товарниот сообраќај може да се каже околу 10%. Се преземаат сите мерки кои што се донесени на 15 та седница на владата на Република Северна Македонија.,, рече Јасмина Аврамска - командир на ГП Богородица.
Согласно препораките редовно се врши дезинфекција на кабините, а полициските службеници контролата на патниците и возилата ја вршат со заштитни маски и ракавици. Се контролира секој патник кој остварува влез во државата и со секој се прави неопходниот информативен разговор. Во случај на потреба веќе е подготвена и соба за изолација , неопходна доколку биде регистриран патник кој ги има симптомите карактеристични на корона вирусот.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар
