Прв академски час на УКИМ - почнува студиската 2026/2027 година

На универзитетите во земјава денеска почнува новата студиска 2026/2027 година со организирање прв академски час.
На Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“-Скопје тој ќе се одржи на платото на УКИМ каде што е најавено свечена програма со официјални обраќања, културно-уметничка програма и информативна сесија, како и пригодни активности за дружење и забава.
На првиот академски час на УКИМ ќе присуствува и ќе се обрати министерката за образование и наука Весна Јаневска.
Со конкурсот на УКИМ, годинава на 23-те факултети во негов состав беа слободни вкупно 8851 место за бруцоши во новата академска година.
На најстариот и најголем универзитет во државата во моментов студираат над 26 илјади студенти, од кои на додипломски студии се повеќе од 23 400, а останатите се на магистерски и на докторски студии. Во прв циклус (додипломски) студии на УКИМ има 242 студиски програми, 313 на втор (магистерски) и 99 на трет циклус (докторски) студии.
Од оваа академска година УКИМ има и ново раководство предводено од староновата ректорка Биљана Ангелова, која на изборите во мај доби нов тригодишен мандат (15 септември 2026 - 15 септември 2029).
Пред две недели Ректорската управа за мандатот 2026-2029 избра нови проректори – проф. д-р Соња Топузовска - проректор за настава, проф. д-р Ивана Јанеска-Стаменковска – проректор за наука, проф. д-р Иван Чорбев– проректор за меѓународна соработка и проф. Лазо Пендовски – проректор за финансии, инвестиции и развој.
МИА
Ново на Сител
-

Малолетници нападнале, соблекле и снимале 6-годишно дете во соблекувалната на училишната спортска сала во Кочани
-

Инспектор од АХВ барал пари за да не напише прекршок, пријавил сопственик на угостителски објект
-

12 октомври стартува „Safe city“ во Oхрид, Струга, Дебар и Кичево
-

Студентите бараат од МОН зголемување на субвенционираниот студентски оброк
-

Ќе продолжи ли повластеното ДДВ кај дизелот од понеделник?
-

Еврокодови за посигурни градби: Ќе поскапи ли квадратот?
-

Седум дена нема хоспитализиран пациент со западно-нилска треска
-

Конференција „Безбедност 2030: Ера на паметни технологии, отпорни општества, ризици и предизвици“
