12 октомври стартува „Safe city“ во Oхрид, Струга, Дебар и Кичево
Системот за сообраќаен надзор „Сејф сити“ започнува со целосна функција од 12 октомври во Охрид, Струга, Дебар и Кичево. Министерот за внатрешни работи Тошковски истакна дека во наредните две недели треба да завршат преостанатите активности околу командниот центар, по што системот ќе биде ставен во функција и во овој дел од државата.
Министерот Тошковски подвлече дека овој систем спасува животи и намалува сообраќајни незгоди. Во споредба со минатата година имало 20 посто помалку повредени и околу 34 жртви помалку.
Професорот Дујовски вели дека ако заштитата на човечките животи ни е примарен фактор, дефинитивно „Сејф сити“ помага доста.
Тошковски најави дека Министерството продолжува со модернизација на полициското работење преку воведување нови технологии и зајакнување на меѓународната соработка со цел зголемување на безбедноста на граѓаните.
-

Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар
