Прв координативен состанок во ЦУК за решавање на проблемот со кафеавата мечка
22 дена без да се појави мечка во Маврово и околните села. Од националниот парк Маврово во акција- испукуваат куршуми во воздух да ги исплашат мечките и да го почувствуваат мирисот на барут за да не се симнуваат во населените места. Оваа акција велат дава позитивни резултати и планираат да ја спроведуваат на секои 4 до 5 дена.
Другиот спас од кафеавата мечка за граѓаните од Западна Македонија е да чекаат мечките да паднат во зимски сон. Но хибернацијата на мечките се одложува со се потоплото време овие месеци и климатските промени, па очекувањата на еколошките друштва се мечките да хибернираат околу јануари или февруари кога ќе падне и првиот снег.
Отстрелот на мечки е последната алтернатива која не се препорачува ниту од ЦУК, министерствата или здруженијата за заштита на животни. Дозвола за отстрел дава министерот за земјоделство, но во итен случај граѓаните имаат право на самоодбрана.
Целта не е ниту да се убијат мечките, ниту да бидат преместени на друго место, бидејќи никој не сака да има мечки во нивна околина, вели директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов. Се преземаат акции секојдневно, за граѓаните да не ја земат правдата во свои раце и да има штета на двете страни, посочи Ангелов.
Денеска се одржа првиот координативен состанок во ЦУК за проблемот со справување со кафеавата мечка, каде присутни беа клучни институции за изнаоѓање на решение, односно претставници од министерството за земјоделство, животна средина, НП Маврово и општина Маврово, МВР како и две здруженија за заштита на животните.
-
Тамара Дичоска
Сите содржини од овој новинар
