Прва АТП титула за Чехот Махач

Чешкиот тенисер Томаш Махач е победник на АТП 500 турнирот во Акапулко што се играше за награден фонд е 2,64 милиони евра.
Во финалето рано утрово, 24-годишниот Чех го победи една година повозрасниот Шпанец Алехандро Давидович Фокин со 7-6 (6), 6-2 за еден час и 38 минути игра.
Ова е првиот трофеј на АТП турнирите за олимпискиот победник во мешани двојки од Париз. Претходно, Махач имаше едно АТП финале во кариерата, кога лани во мај во Женева загуби од Норвежанецот Каспер Руд.
Со освојувањето на турнирот во Мексико, Махач ќе се пласира во првите 20 на АТП-листата за прв пат во својата кариера.
Од друга страна, Шпанецот Давидович засега останува без титула на највисоко ниво, откако го загуби своето трето финале. Пред две недели во финалниот меч во Делреј Бич беше поразен од Србинот Миомир Кецмановиќ, а загуби и во финалето на Мастерсот во Монте Карло 2022 година од Гркот Стефанос Циципас.
Ново на Сител
-

Од полноќ поскапува дизелот, а бензините поевтинуваат
-

ЕВРОСТАТ: Вредноста на парите во Македонија највисока од регионот
-

Осум дена притвор за кратовчанката што незаконски наплаќаше влез во „Куклица“
-

Опозицијата обвинува за тајните преговори со Бугарија
-

Преглед на вестите од светот
-

Преглед на вестите од светот
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче не реагирал додека бил министер за здравство
-

Надминат проблемот со откупот на млекото
