Пукал кон сопругата, се заканувал и тепал ќерка: Уапсен насилник во Кисела Вода

Полициски службеници од СВР Скопје лишиле од слобода 55-годишен скопјанец кој се сомничи за семејно насилство и употреба на огнено оружје во семејниот дом во населбата Кисела Вода.
Според информациите од полицијата, на 06.03.2026 во 00:40 часот на подрачјето на Кисела Вода бил уапсен Б.С. (55) од Скопје, поради сомнение дека со пиштол пукал кон неговата 48-годишна сопруга, им се заканувал на нивните три ќерки на возраст од 26, 24 и 18 години и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.
Како што е пријавено, инцидентот започнал на 1 март годинава по претходна расправија во семејниот дом, кога осомничениот испукал еден куршум од пиштол, кој завршил во прозорецот. Потоа отишол кај двете помлади ќерки, на возраст од 24 и 18 години, им се заканувал и физички ја нападнал 24-годишната ќерка.
Насилното однесување, според пријавата, се повторило и на 5 март околу 22:30 часот, кога повторно со пиштол ѝ се заканувал на сопругата, но бил спречен од ќерките да го употреби оружјето.
Осомничениот е задржан во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.
Ново на Сител
-

Кој го понесува најголемиот удар од блокирањето на Ормутскиот теснец?
-

Тема на денот со Ана Павловска Данева, Уставна судијка
-

ОЈО оформи предмет за Центарот за социјални работи по трагедијата во Карпош
-

Пиштол вперен кон сопругата, нападната ќерка - тројца мажи уапсени за семејно насилство
-

САД и Израел ги интензивираат нападите врз Иран, војната влегува во седмиот ден
-

Околу 800 Македонци побарале да се вратат дома од погодените земји
-

Нема потреба од паника, залихи на нафта има доволно
-

Документ на ЦИА за Киро Глигоров ги разбуди партиите за името
