-->
-->
Пукање на семејна веселба во населбата Аеродром
-->
Во 23.05 часот вчеравечер во Скопје на подрачјето на општина Аеродром полициски службеници од СВР Скопје го привеле Е.З.(52) од Скопје, а по претходна пријава дека околу 20.45 часот при семејна веселба се слушале истрели од огнено оружје.
На местото на настанот полициски службеници извршиле преглед и го затекнале Е.З. како испукува во воздух од огнено оружје.
Пронајдени и одземени се гасен пиштол марка „Екол Специјал 99“ калибар 9мм и гасни куршуми. Исто така пронајдени се и испукани чаури и подигнати за понатамошна постапка.
По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава, соопштија од МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Седми ден гори на Готен
-
Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина
-
Казанџи Груп пред нова инвестиција
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Пензиите ќе растат линеарно
-
Левица ќе бара разрешување на претседателката на ДКСК
-
СДСМ: Тошковски ја партизира полицијата
-
ВМРО-ДПМНЕ: Шукова е одбрана само за да изгуби