Преглед на вестите од светот
21 дете починале од неухранетост и глад во поајсот Газа во последните 72 часа соопшти директорот на болницата Шифа во градот Газа,Мохамед Абу Салмија. Според неговите податоци околу 900 000 деца во Газа страдаат од глад а 70 000 од нив се во состојба на неухранетост.
Поради моменталната ситуација, нема млеко, нема храна, нема ништо за пиење. Ова е глад. Не можам да ги задоволам потребите на моето дете. Бевме примени во петок, и оттогаш мојот син преживува на интравенски течности и не е во можност да оди.“
„Моите две деца страдаат од тешка неухранетост. Не можеме да најдеме млеко за нив и не знаеме што да правиме.“
Стапките на неухранетот кај децата во енклавата се дулираа окткоа ИЗарел ги заостри ограничувањата за влез на храна во март , соопштија ОН. Дваесет и осум земји, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Канада, преку заедничка изјаава бараат итен прекин на војната во Газа, истовремено упатувајќи критики до Израел за начинот на постапување при распределбата на хуманитарната помош наменета за населението во Појасот.
Третата рунда мировни преговори помеѓу Русија и Украина ќе се одржи утре во Турција. Украинанскиот претседател Володимир Зеленски утрово изјави дека на разговорите Киев ќе инсистира на три клучни точки: враќање на воените заробеници, враќање на децата киднапирани од Русија и подготовка на средба на лидерите.
Портпаролот на Кремљ, Песков изјави дека не треба да се очекуваат чуда или значајни придобивки од утрешните преговори .
Нема причина да се очекуваат какви било пробиви во категоријата чуда - тоа е тешко возможно во сегашната ситуација. Имаме намера да ги следиме нашите интереси, имаме намера да ги обезбедиме нашите интереси и да ги исполниме задачите што си ги поставивме од самиот почеток. Има многу работа што треба да се направи пред да можеме да разговараме за можноста за некои состаноци на високо и највисоко ниво, изајви Дмитри Песков, портпарол на Кремљ.
Руските услови за завршуавње на војната што Украина категорично ги отфрла се - откажување на Киев од членството во НАТО, признавањето на териториите анектирани од страна на Москва и да прифати строги ограничувања на своите вооружени сили..
-
Емилија Штерјов
Сите содржини од овој новинар