Македонија
22. July 2025 - 16:33

Телохранителот на премиерот обвинет за оддавање службена тајна, негира вина

Полицаецот кој e обвинет дека за сума од 50 илјади евра оддавал службена тајна, на почеток на денешното судење, рече дека не се чуствува виновен.. Ангел Самараков, кој е поранешен член на обезбедувањето на премиерот, во март годинава беше фатен како споделува доверливи полициски документи со лицето Благоја Коруновски кое сега е сведок во постапката.. Адвокатот тврди дека Самараков не го сторил кривичното дело..

„Нашата одбрана ќе биде насочена кон тоа што Обвинителството користи докази што незаконски ги прибавиле и не може да се предмет на докажување во кривичната постапка. Ќе ве увериме дека доказите што ги приложува обвинителството немаат својство на службена тајна и нема елемент на користољубие“, рече во судницата адвокатот Ивица Ефремов.. 

Обвинителството пак со видео снимки ќе ја докажува вината на Самараков.. Безбедносни камери на велешки хотел ја регистрале средбата со Коруновски, инаку лице осудено за убиство и упасено од Самараков откако по викенд отсуство не се вратил во затвор.. 

„Беграундот, без разлика дали на сведокот или на друго негово лице не значи дека вие не може му верувате воопшто во иднина или дека само треба му верувате. Така, секој од нас има своја некаква позадина. Во конкретниот случај, обвинителството нема зошто да не му верува на сведокот бидејќи се она што тој го кажува е документирано на видео запис и тоа ќе се види пред судот бидејќи тие докази се предложени од страна на обвинителството“, изјави Ивана Трајчева, Јавен обвинител. 

Коруновски треба да сведочи на 14 идниот месец.. Тогаш, обвинителството ќе ги презентира и двете снимки за кои тврди дека го прикажуваат моментот на оддавање службена тајна.. Одбраната најави петмина сведоци, сите се полицајци од СВР Велес..