Путин и Трамп телефонски разговараа за израелско-иранскиот судир и Украина

Рускиот претседател Владимир Путин и претседателот на САД Доналд Трамп денеска телефонски разговарале за судирот меѓу Иран и Израел, соопшти високиот советник за надворешна политика на Кремљ, Јуриј Ушаков.
– Претседателот на Руската Федерација Владимир Владимирович Путин тукушто одржа уште еден телефонски разговор со претседателот на САД Доналд Трамп, изјави Ушаков. – Путин ја осуди воената операција на Израел против Иран и изрази сериозна загриженост од можната ескалација на конфликтот, која би имала непредвидливи последици за целиот регион на Блискиот Исток, додаде тој.
Путин, според Ушаков, го информирал Трамп за вчерашните телефонски разговори што ги имал со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.
Во разговорот била нагласена подготвеноста на Русија за евентуално посредништво. Исто така, Путин ја потврдил подготвеноста на Москва да продолжи со преговорите со Украина по 22 јуни.
– Руската страна изрази подготвеност да ги продолжи преговорите со Украинците, како што е договорено, по 22 јуни. Доналд Трамп ја прими таа информација и го потврди интересот за ставање крај на руско-украинскиот конфликт во можно најкраток рок, наведе Ушаков.
Двајцата лидери изразиле задоволство од воспоставените лични односи, кои овозможуваат ефективна комуникација и заедничко барање решенија за итните прашања, без оглед на нивната сложеност.
Ова е петти телефонски разговор меѓу Путин и Трамп откако американскиот претседател се врати во Белата куќа. Последниот разговор беше на 4 јуни, а денешниот траел околу 50 минути.
Ново на Сител
-

Полицијата во акција против пиротехника
-

Одбележани 6 години Интервентна полиција
-

Преглед на вестите од светот
-

Измени на Кривичниот законик за членот 353 – построги казни, но и враќање на старите одредби
-

Ресоцијализација преку учење занает: Жени осуденички шијат во текстилна работилница во Идризово
-

Тема на денот со Јована Тренчевска, потпретседателка на СДСМ
-

Уапсен Бујар Дардишта, поранешен директор од ДУИ
-

Ѓубрето во Скопје не се собирало со умисла - обвинителството поднесе обвинение против Рустеми и Саити
