Путин ја зголеми бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници

Рускиот претседател Владимир Путин вчера потпиша указ за зголемување на бројноста на руските вооружени сили за 15.500 војници.
Указот на Путин доаѓа во момент кога и Москва и Киев трпат сè поголеми загуби во војната во што трае повеќе од четири и пол години.
Во указот не е наведена причината за зголемувањето, ниту е прецизирано како ќе бидат пополнети новите места.
„Дозволената бројност на руските вооружени сили е утврдена на 2.441.630 лица, од кои 1.550.500 се војници“, се наведува во указот.
Путин слични укази за зголемување на бројноста на армијата донесе и во март, јуни и јули годинава, така што со вкушното зголемување од март досега изнесува 47.860 војници.
Инаку, во последниот период забележано е забавување на напредокот на руските сили на бојното поле, а широката употреба на дронови на фронтот ги прави речиси невозможни брзите и масовни маневри.
Украина повеќепати ја обвини Русија дека подготвува нова воена мобилизација, што Путин го оцени како украинска „дезинформација“.
Рускиот претседател последен пат нареди мобилизација на резервистите во 2022 година, по слабите успеси на украинскиот фронт
MИА
Ново на Сител
-

Регионален форум за борба против корупција во организација на Државната ревизија
-

Службеничка од МВР осудена на две и пол години затвор за фалсификувани возачки дозволи
-

Миланов: Апаратите во Лотарија и приредувањето игри на среќа се законски
-

Реконструиран студентскиот дом „Стив Наумов“, 1.150 студенти добиваат современи услови за живеење
-

Земјоделците го блокираа патот Прилеп-Битола, бараат итни мерки и помош од државата во сите гранки
-

Мицкоски: Барам разрешување за скандалот во Македониумот
-

Нов обид за деблокада на измените во Изборниот законик
-

СДСМ: Мицкоски ја распродава Македонија
