Путин најави блокада на западните ИТ-компании што сѐ уште работат во Русија
Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија ќе ги блокира услугите на западните информатички компании кои сѐ уште оперираат на нејзина територија, јави ДПА.
– Тие мора да бидат ограничени, рече Путин на средба со руски ИТ-претприемачи. – Западот сака да ја задуши Русија, затоа мораме да возвратиме, додаде тој.
Путин најави и други мерки за заштита во економијата.
Изјавите следеа откако руските ИТ-претприемачи се пожалија дека домашните компании трпат загуби во милијарди долари. Русија и натаму е силно зависна од западни платформи како „Зум“ и софтверот на „Мајкрософт“. Путин најави и „ослободување на граѓаните од лоши навики“.
Москва веќе ја намали брзината на интернет за многу странски онлајн-услуги. Руските корисници, на пример, тешко можат да користат „Јутјуб“ без VPN, поради бавното вчитување на видеата. Како алтернатива, Русија развива сопствена платформа – RUTube.
„Фејсбук“ и „Инстаграм“, во сопственост на „Мета“ на Марк Закерберг, се класифицирани како екстремистички и се блокирани уште од почетокот на војната во Украина.
Властите блокираа и голем број VPN-услуги за да ги спречат корисниците да ги заобиколат ограничувањата.
Ново на Сител
-
Мирен марш за поддршка на Епископот Партениј
-
МПЦ-ОА одбележа 1700 години од првиот собор во Никеја
-
Бања од римски период откриена во приватен двор во струмичко Баница
-
Салите во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп отворени и оспособени за одржување на настани, актерите бараат нов театар
-
Кинеските инфраструктури и нивното влијание
-
Преглед на вестите од светот
-
Еден пилот и ниту еден ер трактор - како ќе се гаснат летово пожарите?
-
Тема на денот со Арбен Таравари