Путин: Русија ќе се придржува до Нов СТАРТ уште една година по истекот на Договорот
Претседателот на Русија, Владимир Путин денеска изјави дека Москва ќе се придржува до Договорот за ограничување на нуклеарното оружје уште една година откако ќе истече договорот со САД во февруари 2026 година.
Нов СТАРТ (Strategic Arms Reduction Treaty) е потпишан во 2010 година и е последен договор помеѓу Русија и САД за контрола на вооружувањето.
Путин наведе дека суспензијата на Договорот Нов СТАРТ ќе има негативни последици по глобалната стабилност и оти се надева дека САД ќе го следат примерот на Русија и ќе се придржуваат до ограничувањата.
Со Договорот Нов СТАРТ се ограничуваат арсеналите на двете земји на максимум 1.550 распоредени боеви глави, што е речиси 30 проценти помалку од претходната граница од 2002 година. Договорот, исто така, го одредува максималниот број на носачи на ракети и тешки бомбардери на 800.
МИА
Ново на Сител
-
50 комунални возила на Брако на улиците во Ријад
-
Рождество на Пресвета Богородица одбележано во манастирот Елеуса
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Томовски, СОЗР
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Предвремени избори нема да има, ДУИ да не ги лаже гласачите
-
Прво човек па градоначалник
-
Филипче: ВМРО-ДПМНЕ лажеше за воздухот