Рашковски побара ослободување, завршните зборови ги испечатил во книга од 328 страници
Обвинението Софтвери под анатомска лупа на Рашковски. На 328 страници во форма на научен труд, екс генералниот секретар на владата детално ги анализирал доказите кои го обвинуваат за злоупотреба на службената положба и перење пари.
Сакал да го побие секој збор од обвинението, а документот да служи и при одредување на пресудата, па копии од трудот насловен " случај Софтери" подели за обвинителството и судот.
Рашковски во своето последно обраќање пред судот негираше вина. Не го купил својот изум со државни пари, не ја фаворизирал компанијата преку која генералниот секретаријат на владата купи софтвер за мерење брзина, ама како што рече ниту им го земал хонорарот на вработените кои ги ангажирал.
Рашковски тврдеше дека системот заради кој седи на обвинителна клупа ќе го намалел бројот на сообраќајки, а опремата ќе помогнела и вработените во администрацијата да се на своите работни места.
Обвинителството побара казна за рашковски и конфискација на 10 илјади евра од неговата сметка.. Заедно со останатите обвинети да вратат и 300 илајди евра, сума со која го оштетиле државниот буџет.
Рашковски пак во својата напишана одбрана наведува дека обвинителството не одговрило на неговите напади, па својата анализа ја завршува со пораката дека незнаењето и моќта создаваат тиранија.
-

Зоран Јаневски
Сите содржини од овој новинар
