Македонија
13. October 2022 - 16:39

Рашковски тврди дека софтверот бил набавен со одлука на Влада

Со докази преку новинарите екс генералниот секретар Рашковски ќе ја докажува неговата невиност за  судската постапка која се води против него за набавка на два софтвери.

Рашковски вели дека овој софтвер е набавен за потребите на Владата, а не за МВР, а дека обвинителството ја извртило тезата. Не е точно дека не постои одлука за набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци,

Како неточна теза на обвинителството е и тоа дека не постои техничко исправен софтвер кој е предаден, според екс генералниот секретар причина за ова е да се оцрни системот. Твриди дека софтверот е предаден на Владата и е имплементиран.

Според Рашковски најважниот доказ од нивна страна за докажување на невиноста е испратен до обвинителството, но обвинителството не го предал до судот бидејќи целиот предмет ќе паднел во вода. Клучниот доказ е дописот од екс генералниот секретар на Владата Мухамед Зеќири со кој потврдува дека примопредавањето на двата софтвери е извршено и дека истите се инсталирани на компјутерите во Владата.

Рашковски вели дека ќе поднесе и кривични пријави против две лица за лажно сведочење.

На денешното рочиште беа сослушани тројца сведоци. Анета Стефковска која била член на комисијата за јавни набавки на генералниот секретаријат кажа дека набавката на софтверот не била во годишниот план, туку во измената, но и дека при извршувањето на јавните набавки немала притисок од тогашниот генерален секретар. Првата постапка била поништена поради пропусти во тендерската постапка, кои ги укажал самиот Рашкопвски.

Втората постапка според Сефковска била поништена поради тоа што немало ниту една приофатлуива понуда.

Техничката спец за софтверот ја изготвувал Рашковски.

Следното рочиште продолжуива на 1 ноември, а тогаш како еден од сведоците е повикан и министерот Оливер Спасовски.