Расте бројот на издадени решенија за изолација поради Ковид-19 - за 10 дена издадени над 1.500
Порастот на новозаразени го зголеми и бројот на решенија за изолација. Само последните 10 дена ДСЗИ издал над 1500 вакви документи, а на 30 јуни биле изолирани само двајца граѓани . Од ДСЗИ велат дека и периодов се соочуваат со истиот проблем на криење или лимитирање на контактите на заразените лица. Имало и случаи граѓани да направат брз антигенски тест дома и иако излегувал позитивен продолжувале да излегуваат и да го шират вирусот.
-Лесната достапност на брзите тестови и домашното тестирање можеби овозможува ваква комфорност, јас би рекла несовесност на граѓаните бидејќи ако брзиот тест дома изработен е позитивен тој е должен да направи ПЦР тест за да влезе во системот на позитивни граѓани. Дали клиничкјата слика ќе биде блага не дозволува да ги ставаме во ризик останатите граѓани. Колективниот интерес е над индивидуалниот, изјави д-р Ирина Сотирова Бухова, директор на ДСЗИ.
Од здравствениот инспекторат објаснуваат дека дополнителен проблем е што никој не може да ги контролира граѓаните кои дома си направиле ковид тест и излегол позитивен, зошто никаде не се евидентираат. Под надзор се само лицата кои се влезени во системот со решенија за изолација по добиен позитивен ПЦР и нив може да ги контролира полиција.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
