Македонија
1. јуни 2022 - 16:33
Расте бројот на поплаки за говор на омраза и дискриминација на социјалните мрежи
Навредуваат и омаловажуваат без причина. Дискриминирачкиот говор станува се позастапен на интернет просторот, традициционалните и социјалните медиуми. Само во првите 5 месеци годинава до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација стигнале 96 претставки, за разлика од 2021- ва кога имало 90 пријави за дискриминација, најчесто на Фејсбук.
Според Бојан Кордалов, експерт за социјални медиуми ,луѓето не се ни свесни за тежината на дискриминирачкиот говор со кој се служат на интернет просторот, а пример им се политичарите кои многу често се служат со навредливи говори.
За да се превенира дискриминирачкиот говор и другите негативни ефекти во интернет просторот Комисијата и Институтот заеднички ќе се борат против ваквите појави.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
-->
-->
