Расте интересот за вакцинација во Струмица
Голем интерес за вакцинација во Струмица. Од здравствениот дом велат дека бројот на граѓани кои сакаат да се имунизираат секојдневно се зголемува. Ова го потврдуваат и бројките од регионалниот пункт за масовна вакцинација на кој за десетина дена колку што работи вакцина примиле близу 3600 граѓани.
За постарите и изнемоштени лица кои добиле термин, а не се во можност да дојдат на пунктот организирана е вакцинација во нивните домови.
Од здравствениот дом информираат дека од почетокот на вакцинацијата не се регистрирани никакви проблеми. Единствената забуна се јавува кај лицата кои првата доза ја примиле во некој од другите градови, а сега ре вакцината сакаат да ја добијат на пунктот во Струмица. Од таму потенцираат дека протоколите на министерството за здравство налагаат каде е примена првата таму да биде и втората доза од вакцината.
-
Зоран Ѓеоргиев
Сите содржини од овој новинар