Разоткриена измама со биодизел: Штета од 60 милиони евра во ЕУ
Канцеларијата на Европскиот јавен обвинител (EPPO) уапси двајца осомничени за царинска измама поврзана со увоз на биодизел, со што буџетот на ЕУ бил оштетен за над 60 милиони евра.
Според истрагата, осомничените увезувале биодизел од САД во Европската Унија, но лажно го прикажувале неговото потекло.
Тие биле во притвор во Белгија од мај 2024 година, а неодамна биле екстрадирани во Холандија, каде што ротердамскиот суд им одреди истражен притвор.
Осомничените се товарат дека организирале криминална шема во која американски биодизел бил претставуван како производ од Мароко, а во друга измама – како биодизел од искористено масло за јадење од Босна и Херцеговина.
Во реалноста, станувало збор за поевтин биодизел од соја (SME), со што се избегнувале антидампинг давачки наметнати од ЕУ.
Истрагата започнала по пријава од Европската канцеларија за борба против измами (OLAF) и ја водат холандските финансиски власти.
Само во Холандија, штетата се проценува на 49 милиони евра, а истрагата во Белгија сè уште трае.
Ново на Сител
-
Сител сторија: Дивите депонии во Преспа го загрозуваат здравјето на жителите – како до решение?
-
М. Брод останува една од најеколошките општини - повторно целосно возобновена пречистителната станица
-
Доцнат дрвата за огрев за штипските пензионери
-
Минималната дневница во земјавата колку 1,5 час работа во Германија
-
Тема на денот со Стефан Андоновски, министер за дигитална трансформација
-
Преглед на вестите од светот
-
Мицкоски: Брз електронски попис и една изборна единица
-
Муцунски: Софија е влезена во многу опасен наратив