Бизнис
18. December 2023 - 16:36

Реална потреба од кадар или предизборни вработувања?

Ќе се полнат ли државните институции предизборно со партиски кадри? Објавени се илјадници огласи за вработување. Најголема потреба од кадар имаат државните електрани. На 5 страници бараат скоро 550 лица. За подружницата РЕК Битола се нудат скоро 460  работни места, каде платите се движат од 25 илјади за хигиеничар, 45 за бравар, над 40 илјади за возач и над 65 илјади денари за одговорни инженери.  Преку 50 тина објавени огласи има и за подружницата ТЕЦ Осломеј, 17 тина во ХЕЦ Црн Дрим. Потреба од кадар имаат и скоро сите министерства, општини, Фондот за здравство, агенциите за вработување, електронски комуникации, Пазраниот инспекторат, клинички болници, градники и школи. За министерот за информатичко општество нема ништо спорно. Голем дел од вработените се пензионирале, а некои си заминале во приватенниот сектор.

- Жив процес е човечкиот фактор. Секој ден имаме нови потреби и од аспект на ффункционалност на институциите, но и од аспект на заминување на луѓето во приватниот сектор, голем дел си заминуваат во пензија. А дали има зголемување на огласите, не сум сигурен, изјваи министерот за информатичко општество Азир Алиу.

Во моментов јавниот сектор кој ги опфаќа вработените во државната власт, општините, јавните установи и јавните претпријатија, брои речиси 130.000 кои работат во 1,354 институции. Од нив, 13% или нешто над 14,500 лица се само во државниот сектор. Едно од ветувањата на секоја власт се дека бројот ќе се намали, а граѓаните ќе добијат квалитени услуги. Се донесоа и 5 закони за реформа на јавната администарација. Но, наместо редуцирање и квалитет, јавниот сектор и натаму останува гломазен и неефикасен.