Редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во Карпош

Во Општина Карпош се спровела редовна дератизација, дезинфекција и дезинсекција во сите училишта во општината.
-Лиценцирана фирма која ја ангажираше Општина Карпош, спроведе редовна акција за дезинфекција, дезинсекција и дератизација во сите основни училишта на територија на локалната самоуправа. Кабинетите, училниците, тоалетите и холовите беа соодветно третирани со цел да се обезбеди потребната заштита, безбедност и подобрување на хигиенските услови, наведуваат од општината.
Во таа насока, наведуваат оттаму, биле опфатени сите училишни простории, со цел да се обезбеди чиста и безбедна средина при одвивање на образовниот процес. Активноста овозможи целосно отстранување на штетни честички и вируси, со што се гарантира хигиенска сигурност и заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар.
-Со оваа иницијатива Општина Карпош го подигнува нивото на заштита на здравјето на учениците и наставниот кадар, сакајќи да создаде средина во која воспитно-образовниот процес ќе се одвива непречено и безбедно, додаваат од општината.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Калиопи, естрадна уметничка
-

85 години од почетокот на НОБ
-

Доделени државните награди „11 Октомври“
-

Суспензија за 6 полицајци за инцидентот во Сарај
-

Граѓаните главно задоволни од квалитетот на живот
-

Дрва, пелети, струја или парно - кое греење зимава ќе биде најевтино?
-

Променливото време аларм за хронично болните
-

Сејф сити од утре во Охрид, Струга, Дебар и Кичево
