Ристовски: Прославата на спортските успеси треба да биде убав гест, а не навреда

Министерството за спорт секогаш ќе стои на страната на принципите и на вистинските спортски вредности коишто еден спортист, спортски работник, селектор, спортски директор или секој еден човек кој е директно или индиректно поврзан со спортот, треба да ги промовира. Ако сакаме да имаме поздраво општество треба сите да работиме на тоа, истакна министерот за спорт Борко Ристовски во емисијата „Директно“ во која повод беше непримерната прослава на шампионската титула на ФК Вардар.
На темите „Дали омразата и понижувањата стануваат нормален јазик во македонското општество? Каде исчезна границата меѓу навивање и навредување? Дали трибината се само огледало на атмосферата што постои во секојдневната комуникација? Зошто агресијата станува забава, понижувањето начин да се покаже сила? Каква порака испраѓаме до младите?, заедно со министерот Ристовски свое мислење и ставови презентираа претседателот на ФФМ, Масар Омерагиќ, НЛП менторката Ирена Христов и универзитетскиот професор Иван Атанасовски.
„Ние како Минисетрство за спорт и ФФМ го осудуваме овој настан за во иднина да не се повтори или да се намалува бројот на ваквите инциденти. А, одговорноста на сите мора да биде уште поголема, особено кога тие претставуваат одредена институција и треба да бидат пример. Прославувањето на секој успех, секоја титула и целата таа еуфорија,треба да биде еден убав гест. Да се надеваме дека во иднина ќе нема или ќе има многу помалку вакви немили сцени“ – посочи Ристовски.
Ривалството на спортските терени е добро да го има, но омразата и поделбите по сите основи може да однесат на погрешен пат и тоа не треба да го дозволиме, беше пораката што ја испратија учесниците во дебатата, упатувајќи уште еднаш јавна осуда за непримерниот начин на кој ФК Вардар ја прослави шампионската титула.
Министерот Ристовски се осврна, меѓу другото, и на саркастичниот начин на наводно извинување на извршниот директор на Вардар, Миленко Неделковски, повторно преку социјалните мрежи со кое само продолжи со навредите, посебно и кон женската популација.
„Човек во тие години ако не чувствува одговорност и нема доблест да се извини не е проблем на општеството туку проблем на самата личност“ – рече Борко Ристовски.
Како што е познато, Неделковски беше првиот кој го сподели видеото од скандалозната прослава на социјалните мрежи, кое потоа ги избриша.
Министерот се осврна и на вклученоста на селекторот Гоце Седлоски и неколку репрезентативци на Македонија во прославата, иако ги имаше и оние кои, објективно потенцирано, не ги пееја навредливите песни.
„Знам добро за спортскиот дух кој во себе го носат сите спортисти, кои секако може и да погрешат. Очекувам Седлоски да излезе на најавената прес-конференција и јавно да се извини“ – рече министерот Борко Ристовски.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ бара свикување на Комисијата за финансирање и буџет
-

Царината заплени 500.000 евра
-

Ден на пожарникарството во Македонија
-

Преглед на вестите од светот
-

Хрватска го „скрши мразот“ за камионџиите: Долгорочни визи за спас од хаосот на границите
-

Тема на денот со Ерика Пирметс, експерт за дигитализација од Естонија
-

СДСМ го блокираше заемот од 260 милиони евра
-

Филипче: Власта води лицемерна политика
