Роберт де Ниро (80) позираше со 10-месечната ќерка Гиа

Роберт де Ниро неодамна се отвори за својата 10-месечна ќерка Гиа во интервју за магазинот People.
Познатиот актер не ги криеше солзите кога зборуваше за својата моментална најголема среќа. Секогаш кога има проблеми, вели Де Ниро, тој наоѓа утеха во неа.
„Сè за што опседнам или се грижам едноставно исчезнува кога ќе ја погледнам“, вели тој. Додава:
„Таа е симпатична. Сите деца се воодушевени од неа. Дури и внуците. Таа е нивна тетка и наскоро ќе станат тинејџери“.
Грижата за потребите на Гиа најмногу ја препушта на сопругата.
„Не работам напорна работа. Тука сум, ја поддржувам мојата девојка. Но, таа ја работи работата. А ние имаме помош, што е толку важно”, рекол познатиот актер.
Да потсетиме, Де Ниро, покрај ќерката Гиа Вирџинија, ги има и ќерката Дрина (56), синот Рафале (47), близнаците Џулијан и Арон (28), синот Елиот (25) и ќерката Хелен (12).
Покрај децата, актерот има и четири внуци.
Ново на Сител
-

Април или мај е најраниот термин доколку има предвремени избори
-

Тема на денот со Владимир Божиновски, универзитетски професор
-

Трамп најави крај на војната со Иран, берзите растат, цената на нафтата паѓа
-

Детонации и пожар од кабли предизвикаа паника во Кисела Вода
-

Уставните измени и изборите отворија нов фронт меѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ
-

„Градски воз“ во Скопје од 1 септември
-

Повторно протест на 50-тина лица со договор на дело на Клиника за детски болести
-

Потпишан меморандум за соработка меѓу француската амбасада и министерството за култура
