Роберт Кенеди бара да се истражат негативните ефекти од вакцините и причината за аутизмот
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ги повика американските агенции за јавно здравје да ги приоритизираат истрагите за несаканите ефекти од вакцините, употребата на лекови на рецепт и причината за аутизмот во новиот извештај „Направете ја Америка повторно здрава“ објавен синоќа, а е насочен кон децата, јави Бета.
Извештајот од 20 страници, изготвен под раководна палка на секретарот за здравство и човечки услуги, Роберт Ф. Кенеди Џуниор, тврди дека детските болести во САД ќе бидат искоренети со рефокусирање на американските агенции за јавно здравје кон прашањата што членовите на широкото и политички разновидно движење „MAHA“ на Кенеди сакаат владата да ги приоритизира.
Новиот притисок на Кенеди да ги истражи негативните ефекти од вакцините би можел да го продлабочи конфликтот меѓу него и агенциите за јавно здравје што ги надгледува, кои се соочуваат со масовни отпуштања и се во конфликт со него поради неговите контроверзни политики.
Во последните недели, имаше превирања околу политиката за вакцини во Центарот за контрола и превенција на болести, што доведе до оставка на директорот и други високи раководители.
Минатата недела, сенаторите го испрашуваа Кенеди за неговата антивакцинална агенда и неговото работење со агенциите за јавно здравје.
Се очекува Кенеди да објави и извештај за кој вели дека ќе ги наведе причините за аутизмот, комплексно развојно нарушување.
Последниот извештај на Кенеди, објавен вчера, ја повикува владата да ги истражи негативните аспекти на вакцинацијата и да развие рамка за да се обезбеди дека „Америка има најдобар распоред за вакцинација на децата“, кој „обрнува внимание на негативното влијание на вакцинацијата“.
Претходна верзија на извештајот протече и беше објавена во август. Мали промени беа направени во конечниот нацрт, кој беше развиен од панел на MAHA во кој беа вклучени Кенеди и други членови на кабинетот на претседателот.
И покрај ветувањето за „радикална транспарентност“, панелот никогаш не одржа јавен состанок пред објавувањето на извештајот, пренесе Бета.
Меѓу разликите во конечната верзија е повикот Националните институти за здравство да користат лични медицински картони и податоци за здравствено осигурување за да ги истражат причините за болести и нарушувања, вклучително и аутизмот.
Кенеди со месеци наназад ветуваше дека до септември ќе ја пронајде причината за аутизмот, комплексно развојно нарушување кое влијае на мозокот. Тој вети дека ќе спроведе масовно истражување за да ги идентификува причините за нарушувањето, но молчеше за тоа кој го спроведува истражувањето или кога ќе биде објавено.
МИА
Ново на Сител
-
Уапсени тројца дилери во Скопје, пронајдена марихуана
-
Руско Министерство за одбрана: Не планиравме да гаѓаме кон Полска, подготвени сме за разговор
-
Дрисла се уште гори, густ чад се шири во пошироката околина, има индиции дека пожарот е подметнат
-
Продолжи судењето за „Онкологија“, денеска се слушаат искази на сведоци
-
Тешко повреден 16-годишник на мопед откако автомобил удрил во него
-
21-годишник од Неготино криумчарел пет мигранти
-
Мицкоски: Првпат на месечно ниво имаме базична инфлација во негатива
-
„Нeшто што ќе остане“ на 13 септември во Паркот на франкофонијата