-->
-->
Роналдо: Децата ме сакаат, бидејќи ме гледаат како пример за углед
-->

Напаѓачот на Ал-Наср и Португалија, Кристијано Роналдо, истакна дека децата го сакаат и го сметаат за модел за углед.
– Знам зошто децата го сакаат Кристијано. Тие ме гледаат како модел за углед, и јас ќе продолжам да го правам тоа. Среќен сум со себе. Не е важно дали играм утре или одмарам за следниот натпревар, најважно за мене е да се чувствувам добро, изјави Роналдо за „Yahoo Sports“.
Претходно беше објавено дека Роналдо ќе биде во почетниот состав за денешниот натпреварот против Велс во Лигата на нации.
Репрезентацијата на Португалија ќе игра и против Норвешка (27 септември и 4 октомври) и Данска (1 октомври).
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Партиски обвинувања за работењето на Алта банка
-

Петте случаи на морбили се аларм за колективниот имунитет
-

УГД ги отвора вратите за европските студенти преку Еразмус
-

Струмички „Комуналец“ се модернизира, за три месеци обезбедена механизација вредна 20 милиони денари
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Љупчо Петковски, аналитичар
-

Мицкоски: Продолжуваме со посветена работа на реформите, фокус е ефикасност на институциите
-

Кога бесплатен роаминг со ЕУ?
