Роналдо најплатен на СП

Четириесет и едногодишниот португалски фудбалер Кристијано Роналдо е најплатениот фудбалер кој учествува на Светското првенство 2026, објави „Форбс“.
Годишниот приход на напаѓачот на португалската репрезентација (јуни 2025 – јуни 2026) изнесуваше 300 милиони долари, од кои 235 милиони долари дојдоа од плата на теренот и бонуси, а 65 милиони долари од заработка надвор од теренот.
Второто место му припаѓа на 38-годишниот Аргентинец Лионел Меси, со 140 милиони долари (поделено од 70 милиони долари на теренот и 70 милиони долари надвор од теренот).
Помеѓу првите тројца се наоѓа 27-годишниот Французин Килијан Мбапе, со 95 милиони долари (70 милиони долари на теренот и 25 милиони долари надвор од теренот).
Дваесет и петгодишниот Норвежанец Ерлинг Халанд заработи 80 милиони долари (60 милиони долари на теренот и 20 милиони долари надвор од теренот), додека 25-годишниот Бразилец Винисиус Џуниор ја заокружи првата петорка со 60 милиони долари (40 милиони американски долари на теренот и 20 милиони американски долари надвор од теренот).
МИА
Ново на Сител
-

Идните наставници со зелена мисија
-

Спортските настани магнет за туристите
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
