Роверот „Кјуриосити“ на НАСА откри полигонални пукнатини на Марс

На Марс е откриено пространо подрачје покриено со необични шестоаголни структури што потсетуваат на саќе. Ваквите необични структури се откриени од роверот „Кјуриосити“ (Curiosity) на НАСА, кој во тој момент се движел по планината Маунт Шарп.
Така наречените полигонални пукнатини и претходно биле забележани на Црвената Планета, но на помала површина.
-Откритието на роверот навистина нè изненади, пред сè поради нивната голема распространетост. Пречникот на поединечните шестоаголни структури е меѓу пет и десет сантиметри, објаснија научниците.
Теренот бил фотографиран од долината Валје Гранде, со камерата „Масткам“ (Mastcam), создавајќи детални снимки од пределот. Вкупно биле направени 340 фотографии, кои, по испраќањето на Земјата споени се во панорамска слика. Фотографиите се снимена на 19 и 20 јуни 2026 година, за време на 4.930-от и 4.931-от ден од мисијата на Марс.
-Иако „Кјуриосити“ досега ни документираше многу фасцинантни пејзажи, ова беше нешто посебно, изјавил Ашвин Васавада, научник во лабораторијата за млазен погон (ЈПЛ) на НАСА, посочувајќи дека научниот тим детално ја анализира нивната форма и хемискиот состав, со цел да ја открие нивната формација.
Таквите структури може да се создадат како последица на испарување и сушење на вода, при што доаѓа до собирање на седиментите, но можат да бидат обликувани и од екстремни температурни промени.
Со нивното детално проучување, експертите се надеваат дека ќе добијат нови сознанија за улогата на водата што некогаш ја имала во обликувањето на површината на Марс. Според нив, полигоналните текстури на Марс најчесто претставуваат пукнатини во исушена кал, а начинот на нивното формирање нуди важни информации за геолошката историја на планетата.
МИА
Ново на Сител
-

Михаилова во тајни снимки тврди дека била уценувана од бугарските служби
-

Случајот Михаилова ја отвори пандорината кутија во Бугарија
-

ЕСМ ќе ја достави до Влада новата цена на струјата следната недела – тогаш ќе се знае и новата цена на парното
-

Кој е виновен за влезот на Алта банка? Политичките партии со меѓусебни обвинувања
-

Брза помош интервенирала на десетина колапси во Скопје поради пролетните температури во ноември
-

По 14 години, нови амбулантни возила за штипската Итна помош
-

Во струшки „Водовод“ недостига стручен кадар
-

Илиески: Се загушува гласот на младите бидејќи политичарите немаат капацитет да одговорат на нивните барања
