Рубио: Куба веќе „падна“ и е пропадната држава

Американскиот државен секретар Марко Рубио изјави дека Куба е пропадната држава со нефункционална економија и влада, оценувајќи дека нејзиниот политички и економски систем веќе целосно потфрлил.
Во интервју за „Фокс њуз“, Рубио истакна дека на земјата ѝ е потребен период на транзиција кон поголеми политички и економски слободи.
– Вистината е дека Куба веќе падна. Таа нема функционална економија и со неа управуваат луѓе кои продолжуваат да зборуваат за некаква револуција што е мртва веќе 20 години – рече Рубио, нагласувајќи дека кубанскиот политички модел не успеал да изгради одржлива држава.
Според него, според сите параметри станува збор за пропадната држава.
– Проблемот со кој Куба во основа се соочува во моментов е тоа што таа е пропадната држава во секоја смисла на зборот. Тоа не е функционална влада и не е функционална земја. Едноставно не е – додаде тој.
Како директна последица и доказ за драстичниот неуспех на системот, американскиот државен секретар ја посочи масовната миграција, напоменувајќи дека од 2021 година досега речиси 20 отсто од населението ја напуштило земјата.
Рубио оцени дека само економските реформи нема да бидат доволни за суштинско подобрување на состојбите на островот, туку тие мора задолжително да бидат проследени со политички слободи.
– Се надеваме дека Куба ќе избере поинаков пат. Всушност, не можете да имате економска слобода во Куба ако претходно немате политичка слобода. Мора да се случуваат и двете, барем истовремено, а за тоа ќе биде потребен период на транзиција – истакна Рубио.
МИА
Ново на Сител
-

Мицкоски: Зимата ќе биде тешка - ќе сториме се за да нема големи поскапувања
-

Скопје слави 82 години од ослободувањето
-

Во месецот посветен на машкото здравје бесплатно тестирање на рак за простата во ЗД „Железничар“
-

Преглед на вестите од светот
-

Почнува дебатата за буџетот
-

Мицкоски: СДСМ работи на штета на Алта банка Битола
-

СДСМ: Савески да постапи за Алта банка
-

И во месец ноември Охрид има посетители
