Руд: Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња
Поранешниот светски рекет број 2 Каспер Руд оцени дека Новак Ѓоковиќ е најголемиот спортист на сите времиња, додавајќи оти српскиот тенисер би ги надминал легендата на НФЛ лигата Том Брејди и НБА кошаркарот Леброн Џејмс во повеќето физички тестови.
Ѓоковиќ е апсолутен рекордер со освоени 24 грен слем титули, а, исто така, помина рекордни 428 недели на првото место на АТП ранг-листата.
„Новак е најголемиот спортист во сите спортови во историјата, да – во историјата на спортот“, изјави Норвежанецот Руд во интервју за Overtime Tennis.
„Не сакам да споредувам бидејќи е глупаво, но сепак, ако го споредите атлетизмот на Новак со оној на Брејди, не ме сфаќајте погрешно, но мислам дека Новак би го оставил зад себе во повеќето физички тестови што можете да ги направите. А од друга страна, Леброн веројатно би го соборил Новак на одредени тестови, па не знам, но за мене Новак е најголемиот спортист што некогаш живеел“, додаде 26-годишниот Руд.
Ново на Сител
-
Герасимовски најави нова мобилна гаража во Капиштец со 290 паркинг места
-
Ѓорѓиевски: За 20 дена ќе биде готова новата градинка во Драчево со капацитет за 75 деца
-
СДСМ го обвини Орце Ѓорѓиевски дека ги штити дивоградбите во Чаир
-
Дали ќе се ревидира примената на Бадентерово мнозинство?
-
Пелагонија без испитен центар
-
Преглед на вестите од светот
-
Се уште активен пожарот на Јасен
-
МЗ: Странски кардиохирурзи ќе ги проверуваат документациите во приватните и државните болници