-->
-->
Русија тврди дека украинската армија погодила танкер во Црно Море
-->

Гувернерот на руската Ростовска област, Јуриј Сљусар изјави дека украински дрон погодил танкер, кој од Азовско впловил во Црно Море.
По нападот на бродот избил пожар, што набрзо бил изгаснат. Нема опасност од истекување на нафта, бидејќи резервоарите биле празни. Во нападот нема повредени лица.
Украинската армија изминатите дена спроведува кампањата да го спречи снабдувањето со гориво на руските сили и да го изолира окупираниот полуостров Крим. Во кампањата погодени се повеќе од 40 руски танкера в Азовско Море.
Украинската армија вчера соопшти дека нападнала 21 танкер од така наречената „руска флота во сенка“ во Азовско Море
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Валдеси Уркиза, генерален секретар на Интерпол
-

Почна судењето за серискиот убиец од Драгоманце
-

Охриѓанец проголтал дрога сакајќи да ја сокрие од полицијата
-

Генералниот секретар на Интерпол: Северна Македонија е наш важен партнер во борбата со криминалот
-

Власта се уште без одговор од опозицијата за Изборниот законик
-

Функционери од ВЛЕН задржани на границата со Албанија, се бара објаснување од Тирана
-

Нема веќе организирање подарувања без дозвола и надомест од 100 евра
-

Можно е пак да има мерки за цените на горивата
