Руската вакцина против рак даде резултати, кај првиот пациент метастазите се повлекоа

Првиот пациент кој ја прими руската персонализирана вакцина против рак го завршил третманот, а претходно откриените метастази повеќе не биле забележани.
Дури и во текот на четирите месеци по завршувањето на третманот, не се откриени нови туморски промени, изјави академик и научен директор на Центарот „Гамалеја“ Александар Гинзбург.
Станува збор за пациент кој боледувал од меланом, кој ја примил вакцината „Неонковак“, базирана на mRNA технологија.
Подготовката се прави индивидуално за секој пациент, врз основа на генетските карактеристики на неговиот тумор, со цел да се насочи имунолошкиот систем кон препознавање и уништување на малигните клетки.
Според Гинзбург, пациентот е се уште под редовен медицински надзор.
Секој месец, прави детални прегледи, вклучително и КТ со висока резолуција, каде што лекарите обрнуваат посебно внимание на лимфните јазли и можната појава на нови туморски промени.
Следењето на неговата здравствена состојба ќе трае три години, а академикот нагласи дека се уште е рано да се извлечат конечни заклучоци за долгорочната ефикасност на терапијата.
Според достапните информации, досега вакцината ја примиле шест пациенти, а планот е до крајот на годината да се администрира третман за вкупно 20 лица.
МИА
Ново на Сител
-

Примателите на социјална помош ќе можат наеднаш да ги подигнат парите преку Алта банка
-

Алта банка ги скара партиите: Обвинувања за пари, политички врски и бизнис-интереси
-

УГД - Штип, нулта толеранција за корупција
-

350 илјади евра можеле да ги заштедат родителите на Ристов?
-

Се шират малите сипаници - морбили потврдени кај уште едно дете
-

Средношколците во пратеничките клупи - дебата за дигиталниот свет
-

Полициска акција на УГД
-

Продолжува судењето против судијата Ристов
