Руски медиуми: Рубио ќе присуствува на воената парада во Москва
Руските медиуми, блиски до Кремљ. објавија дека државниот секретар на САД, Марко Рубио, ќе присуствува на воената парада во Москва на 9 мај, со што би станал првиот висок американски претставник што ќе се појави на овој настан во последните години.
Американскиот Стејт департмент ниту го потврди, ниту го демантираше ова тврдење, кое го објави порталот на ТВ „Ѕвезда“, близок до руското Министерство за одбрана.
Потенцијалната посета предизвика зачуденост, особено бидејќи Рубио е гласен критичар на Русија и Кина. Американските медиуми посочуваат дека неговото присуство би било сериозен преседан.
ЕУ, пак, веќе предупреди на „сериозни последици“ за европски лидери кои би присуствувале на парадата.
Сепак, со оглед на тоа што ниту еден друг медиум надвор од Русија не го потврди учеството, а ниту Рубио, ниту Трамп се произнесоа, веројатноста Рубио да биде присутен останува мала.
Ново на Сител
-
За продолжениот викенд Охрид исполнет со гости
-
Почна МТФ „Војдан Чернодрински“ - Коневски-Руси, Тодоровски и Михајлова наградени за животно дело
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Иван Ивановски, Support Kocani
-
Невреме со град во Скопје и низ Македонија
-
ЗНАМ го потврди Максим Димитриевски за кандидат за Куманово
-
Ангела и Андреј се враќаат од Белград
-
Политичките партии со обвинувања: Што е испуштено во истрагата, што е преземено по трагедијата во Кочани?