-->
-->
Руските сили го нападнаа Криви Рих, погодени неколку места, избувнаа пожари
-->
Руските вооружени сили го нападнаа градот Криви Рих преку ноќ, а како резултат на нападите со борбени дронови, избувнаа пожари на неколку места, објавија украинските медиуми, повикувајќи се на изјава на градоначалникот на градот, Олександр Вилкул, на Телеграм.
Вилкул објави дека биле нападнати неколку места вклучувајќи претпријатие и приватни куќи.
-Итните и спасувачките операции продолжуваат, пожарите се гаснат, се вели во објавата.
Досега нема извештаи за жртви или штети.
Претходно, украинските медиуми објавија масовен руски напад со дронови врз Криви Рих преку ноќ, при што се слушнаа низа експлозии во градот.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Линеарно зголемување на пензиите – 250 евра за студентите
-
Мицкоски: СДСМ е изведувач на ДУИ
-
Сиљановска: Незивисните се дискриминирани
-
Меџити: Ќе имаме свој кандидат за Скопје
-
Локализиран пожарот во Преспа
-
Тема на денот со Миле Лефков, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ
-
Македонија ги живее најтоплите денови: Пикот на топлотниот бран утре и задутре
-
Покачувањето на пензиите и ваучерите за студенти минуваат низ собранискиот филтер