-->
-->
Руските сили пресретнале и уништиле 315 украински дрона, трет дрон уништен пред Москва
-->

Руските системи за противвоздушна одбрана во текот на ноќта пресретнале и уништиле 315 украински дронови над повеќе региони на Русија, соопшти Министерството за одбрана.
Беспилотни летала биле соборени над Белгородска, Брјанска, Воронежка, Калушка, Курска, Липецка, Новгородска, Орловска, Псковска, Рјазанска, Ростовска, Смоленска, Тамбовска, Тверска, Тулска и Јарославска област, како и над подрачјето на Москва, Краснодарскиот крај, Крим и над Азовското Море.
Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин, во меѓувреме соопшти дека бил пресретнат и трет дрон што се движел кон руската престолнина, а службите за вонредни состојби работат на локациите каде паднале остатоци од леталата.
МИА
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Мицкоски: Опозицијата точно знаела која е Давор Мацура
-

Тема на денот со Христијан Мицкоски, премиер
-

Преглед на вестите од светот
-

Надзорна расправа во Собранието за Алта банка: Опозицијата бара одговори од власта
-

Мицкоски и Филипче со спротивставени толкувања за Алта банка
-

НБРМ поднесе кривични против функционери на СДСМ за Алта банка
-

Македонска организација се најде на египетска терористичка листа на организации
-

Четири тинејџерки одат во воспитно-поправен дом за бруталното насилство врз 13-годишното девојче од Ѓорче Петров
