Руско МНР: Европа нема право да учествува во преговорите за Украина
Министерството за надворешни работи на Русија денеска соопшти дека европските држави, кои „цврсто тргнаа на патот на милитаризмот“, го загубија правото да учествуваат во преговорите за Украина.
Соопштението уследи по вчера усвоените резолуции за украинската криза усвоени во Генералното собрание на Обединети нации и во Советот за безбедност.
-Дискусиите и гласањата одржани во ОН јасно покажуваат дека светската заедница бара мир. Европејците, кои цврсто се насочија кон милитаризација го загубија правото да учествуваат во преговорите за условите за решавање на украинската криза, сите се сè поизолирани. Видливи се сериозни поместувања во ставовите на глобалното мнозинство, што покажува сè поголем реализам и се обидуваат да придонесат за што побрзо завршување на судирот, се наведува во соопштението од руското МНР.
ГС на ОН вчера усвои резолуција со која се осудува руската инвазија врз Украина и се бара повлекување на руските трупи. Резолуцијата, предложена од Украина и европските земји, доби поддршка од 93 земји, додека 18 беа против, меѓу кои САД и Русија, а 65 земји беа воздржани.
Во исто време, СБ на ОН ја усвои американска резолуција, со која се повикува на брз прекин на конфликтот во Украина, без директно да ја критикува Русија. Оваа резолуција беше донесена со поддршка на Русија и Кина, додека Франција и Велика Британија беа воздржани.
Ново на Сител
-
Прес конференција мин. економија
-
Огромен интересот кај младите за мерката самовработување
-
Од 1 јули движење во шумските подрачја само со дозвола
-
Економистите очекуваат раст на цените во иднина
-
Преглед на вестите од светот
-
Каде ќе се одржуваат рочиштата за трагедијата во „Пулс“?
-
Тема на денот со Оливер Спасовски, координатор на пратеничката група на СДСМ
-
Доживотен затвор за обвинетите за убиството на Вања и Панче, таткото на Вања доби ослободителна пресуда