Руте: Очекувам во Париз утре да се разјасни какви гаранции можеме да и обезбедиме на Украина
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денеска изјави дека очекува таканаречената „Коалиција на подготвените “ утре да ја разјасни дилемата што може да обезбеди во однос на безбедносните гаранции за Украина на состанокот во Париз или кратко потоа.
Британските медиуми пренесуваат дека Руте изјавата ја даде за време на заедничката прес-конференција со естонскиот претседател Алар Карис.
Утре во Париз, Руте ќе разговара за можните безбедносни гаранции со украинскиот претседател Володимир Зеленски, претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен, германскиот канцелар Фридрих Мерц и премиерот на Велика Британија, Кир Стармер.
„Коалицијата на подготвените“, составена од Франција и Велика Британија со учество на околу 25 други земји, со месеци разговара во обид да ги дефинира плановите за тоа кои земји би можеле воено да ѝ помогнат на Украина за да ја одврати Русија од повторен напад кога ќе се постигне конечното примирје во конфликтот.
МИА
Ново на Сител
-
Идеите за градба не само во Охрид туку во целата држава според екологистите предизвикуваат свлечишта
-
Управата повторно ги отвора матичните канцеларии во селата
-
Преглед на вестите од светот
-
Движењето ЗНАМ ги објави кандидатите Максим Димитриевски за Куманово, Мирослав Лабудовиќ за Центар
-
Тема на денот со Јаким Неделков, претседател на СОНК
-
Седница на Комисијата за надзор на АНБ сепак ќе се одржи во среда
-
Кошта смета дека Македонија треба да добие гаранции за евроинтегративниот пат
-
Одложена Комисијата за надзор на АНБ