САД го намалуваат бројот на службеници на Блискиот Исток поради зголемени тензии
САД го намалуваат својот персонал кој не е од суштинско значење за активностите на земјите на Блискиот Исток, а причината е регионални немири, објавија Стејт департментот и американската армија.
Стејт департментот соопшти дека наредил заминување на својот несуштински персонал од амбасадата на САД во Багдад по конечниот преглед на ситуацијата и намерата „да се зачува безбедноста на Американците, и дома и во странство“.
Персоналот на амбасадата во ирачкиот главен град веќе е намален, така што наредбата нема да влијае на поголем број луѓе.
Сепак, Стејт департментот, исто така, одобри заминување на несуштински персонал и членови на семејствата од мисиите во Бахреин и Кувајт, што им дава можност да изберат дали да ги напуштат тие земји.
Министерот за одбрана Пит Хегсет, исто така, го одобри доброволното заминување на воените лица од локации низ регионот на Блискиот Исток, соопшти Централната команда на САД, додавајќи дека ги следи тензиите на Блискиот Исток.
Белата куќа ги потврди потезите и рече дека тие се резултат на неодамнешните проценки на ситуацијата од страна на Стејт департментот.
Тензиите во регионот се зголемуваат овие денови откако преговорите меѓу САД и Иран за нуклеарната програма на Техеран се чини дека се во слепа улица, јавија американски медиуми.
Шестата рунда од тие разговори е привремено закажана за следниот викенд во Оман, изјавија двајца американски функционери кои побараа анонимност, забележувајќи дека е се помала веројатноста дека тие разговори всушност ќе се одржат.
Американскиот претседател Доналд Трамп претходно му се закани на Иран со сила ако разговорите не успеат, а сега има помалку оптимистички став за постигнување договор.
Иран инсистира дека неговата нуклеарна програма не е наменета за создавање атомска бомба, туку е од мирен карактер.
Ново на Сител
-
Одмазнички напади на Иран врз Израел, во Тел Авив повредени неколку лица | ВИДЕО
-
Новиот командант на иранската Револуционерна гарда се закани: „Портите на пеколот“ ќе се отворат за Израел
-
Трамп: САД не беа предупредени, но беа свесни дека Израел планира да го нападне Иран
-
Состанокот на Мешовитата историско-образовна комисија заврши без резултат
-
Нетанјаху денеска ќе разговара со Трамп, Путин и Стармер по нападот врз Иран
-
Единствениот преживеан од падот на авион во Индија: Не можев да поверувам дека сум жив
-
Во монтажен контејнер во Претор пронајден починат Американец
-
ИДФ тврди дека значително е оштетен објектот за збогатување ураниум во Натанц