Свет
26. October 2026 - 10:43

САД го охрабриле Орбан да се кандидира за генерален секретар на ОН

САД го охрабриле поранешниот унгарски премиер Виктор Орбан да се кандидира за функцијата генерален секретар на Обединетите нации, објави „Волстрит џурнал“, повикувајќи се на неименувани извори.

Според весникот, администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп му предложила на Орбан да се вклучи во трката за една од најважните меѓународни функции. Сепак, планот сè уште чека конечна одлука.

Како што се наведува, Русија и Кина изразиле подготвеност да ја поддржат идејата.

„Кога САД, Русија и Кина сакаат исто нешто во Советот за безбедност на ОН, обично и го остваруваат“, наведува весникот.

Извори од американскиот Стејт департмент проценуваат дека Орбан би можел да добие поддршка од десет од вкупно 15-те членки на Советот за безбедност на ОН. Велика Британија и Франција, според „Волстрит џурнал“, главно се претпазливи кога станува збор за употребата на правото на вето.

По шестиот прелиминарен круг на гласање за избор на генерален секретар на ОН, ниту еден кандидат не успеал да ја исклучи можноста за вето од некоја од петте постојани членки на Советот за безбедност - Русија, САД, Велика Британија, Франција и Кина.

Меѓу кандидатите што се споменуваат како фаворити е и Ребека Гринспан, поранешна потпретседателка на Костарика и раководителка на Конференцијата на ОН за трговија и развој.

Сепак, нејзината кандидатура не ја поддржуваат две постојани членки на Советот за безбедност со право на вето, што дополнително го отежнува постигнувањето согласност за избор на нов генерален секретар.

 

МИА