Македонија
14. December 2022 - 16:37

САД и ЕУ чекаат резултат, добрите зборови не се доволни за битка со корупцијата

За намалување на корупцијата во државата, неопходна е политичка волја и судство ослободено од политичко влијание.. Ова е пораката на меѓународниот фактор испратена денеска од регионалната конференција за борба против корупцијата.

Потенцираат дека убавите зборови не се доволни за подобрување на состојбата.

Да не дозволиме регионот да стане место за организиран криминал, бидејќи тоа ќе влијае врз егзистенцијата на луѓето, порачаа британските власти.. Независноста и професионализмот на институциите ги сметаат за клучни во борбата со корупцијата.

Ваквите пораки, доаѓаат по само еден ден откако специјалниот американски тим кој ја скенираше состојбата со корупцијата ја напушти земјава.. Вицепремиерката задолжена за добро управување немала средба со тимот и не ги знае неговите цели и задачи, но како што вели Грковска, секоја помош е добредојдена.

Грковска потенцираше дека владата го зголемила буџетот за правосудните органи, па ги повика судиите и обвинителите на интегритет и почитување на законите.