Салах бил блиску до трансфер во Саудиска Арабија

Напаѓачот на Ливерпул, Мохамед Салах, призна дека бил блиску до трансфер во Саудиска Арабија. Преговорите меѓу него и „црвените“ беа долги и двете страни постигнаа договор доста доцна во сезоната. На крајот, Египќанецот потпиша нов договор и останува на „Енфилд“ уште две години.
- Мислев дека тоа е добра можност за мене. Да не потпишев нов договор со Ливерпул, тоа ќе се случеше. Мојот однос со луѓето од Саудиска Арабија е многу добар, многу разговаравме и преговорите беа сериозни. Преговорите со Ливерпул беа долги. Знам каква е политиката на клубот, но се договоривме и сите сме задоволни. Дел од притисокот врз клубот дојде од навивачите. Од самиот почеток знаев дека тие сакаат да останам и тие одиграа улога, изјави Салах.
Офанзивниот фудбалер ја заврши сезоната со 29 гола и 18 асистенции во Премиер лигата, а Ливерпул стана шампион по втор пат откако тој е на „Енфилд“. Египќанецот беше избран за играч на сезоната во Премиер лигата.
Ново на Сител
-

Тема на денот со Весна Пусиќ, поранешна министерка за надворешни работи на Хрватска
-

Во Скопје протест за поддршка на командантите од УЧК
-

Партиски препукувања за темата со мигрантите
-

СДСМ: Партиски кујни на ВМРО-ДПМНЕ за лажни вести
-

ВМРО-ДПМНЕ продолжува со напади кон Спасовски
-

Франција ја блокира Црна Гора на патот кон ЕУ
-

Може ли да се укине ветото како механизам?
-

За една година згаснале околу 5.400 фирми, објави Централниот регистар
