Сали тврди дека обезбедиле дел од потребната терапија по обвинувањето од пациентите
По реакциите на пациентските здруженија дека во земјава доцнат тендерите за набавка на лекови и нема биолошка терапија за болните од рак, министерот за здравство тврди дека обезбедиле одредена количина. Образложението на Беким Сали е дека биолошките лекови не одговараат за секој пациент, а требало да се имаат и во предвид финансиите со кои располагаат здравствените установи.
-Во тој дел треба да направиме една јасна дистинкција за кого која терапија е најпотребна. Се грижиме за здравјето на секој пациент. Како Министерство и како Институт за онкологија не можеме да направиме разлика меѓу пациенти кои имаат потреба да не им се дава таа современа терапија или, пак, на други на кои им треба стандардната терапија, а ние да им даваме поскапа терапија без потреба, изјави министерот за здравство Беким Сали.
Освен иновативна терапија за болните од рак, здруженијата на пациенти постојано алармираат и за обновување на позитивната листа на лекови , нешто што не е направено повеќе од 15 години.
-

Александар Динев
Сите содржини од овој новинар
