Салвини: Италија засега нема да прифаќа назад мигранти од Германија

Италија во догледно време нема да прифаќа назад мигранти од Германија, и покрај новите правила на Европската Унија, изјави денеска вице-премиерот Матео Салвини.
Лидерот на десничарската партија „Лига“ позиција таја образложи со тоа што германски хуманитарни организации имаат бродови во Средоземното Море што спасуваат мигранти и ги носат во Италија, од каде дел од нив продолжуваат кон Германија.
„Германија нема право да ни врати ниту еден илегален мигрант додека бродови на германски невладини организации продолжуваат да се активни во Средоземното Море и да носат илјадници илегални мигранти на бреговите на Италија и Европа“, изјави Салвини на партиски собир во Тренто.
Рим и Берлин се во спор околу постапувањето со мигрантите кои по влегувањето во ЕУ преку една земја продолжуваат кон други држави.
Новиот договор на ЕУ за миграција и азил е во сила од средината на јуни. Германија и други земји сакаат да враќаат мигранти кои влегле во ЕУ преку Италија, а потоа продолжиле кон други земји. Според правилата, барањето за азил треба да се поднесе во првата земја на ЕУ во која мигрантот влегол.
Сепак, откако стапи на сила новиот договор, Рим досега не прифатил назад ниту еден мигрант од Германија.
Според официјалните податоци, од 2023 година Италија одбила околу 80 илјади барања за прифаќање мигранти назад од други земји, образложувајќи го таквиот потег со опотовареност на националниот систем за прием мигранти.
МИА
Ново на Сител
-

Ристовска го тужи ВМРО-ДПМНЕ
-

Владата пресмета 11.000 денари пониска потрошувачка кошничка од синдикатот
-

СДСМ: Никој не гласаше за 600 евра минимална плата
-

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче е како бугарски амбасадор во Македонија
-

Цените на угостителските услуги растат, но што добиваат гостите
-

Во Босилово одржан 68-миот државен натпревар за трактористи
-

Преглед на вестите од светот
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
