Санчез свика координативен состанок за ситуацијата во Сеута по новиот бран мигранти

Шпанскиот премиер Педро Санчез денес ќе претседава со вонреден координативен состанок со неколку министри на кој ќе се разговара за ситуацијата во Сеута, по масовниот прилив на мигранти од Мароко минатата недела.
Состанокот ќе се одржи преку видеоконференциска врска, а Санчез ќе го води од државната резиденција Ла Марета на островот Ланзароте, објави ЕФЕ.
Целта на средбата е да се координираат активностите на различните министерства и да се проценат понатамошните чекори во одговорот на ситуацијата во енклавата во северна Африка.
На состанокот ќе учествуваат шпанската министерка за одбрана Маргарита Роблес, министерот за внатрешни работи Фернандо Гранде Марласка, министерката за инклузија, социјално осигурување и миграција Елма Саиз, како и министерката за млади и деца Сира Рего.
Поканет е и државниот секретар за надворешни работи, Диего Мартинез, бидејќи министерот за надворешни работи, Хозе Мануел Албарез, е во Колумбија, каде што го придружува кралот за време на инаугурацијата на новиот претседател на земјата.
МИА
Ново на Сител
-

Брисел ѝ подава рака на Србија – Ќе го смени ли Белград курсот?
-

Тема на денот со Илија Димовски
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

По цели 14 години Вучиќ оди во опозиција, студентите славеа до доцна во ноќта
-

Честитки за студентите, препукувања меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ
-

Бугарија избира претседател во втор круг
-

Дурмиши: Потрошувачката кошничка е намалена - ССМ: Не ни покажаа како пресметале
-

Собранието ја отфрли интерпелацијата за Божиновска
