СДСМ: Цела Македонија во колапс, ВМРО ги изненади снег во јануари

Криминалната ВМРО ги изненади снег во јануари. Институциите не функционираат, патиштата и улиците не се исчистени. Фотографиите од колапсот во Скопје и во Македонија покажуваат дека сообраќајот е небезбеден.
Граѓаните се оставени сами ама градоначалниците и функционерите од ВМРО тријат раце.
Тендерите за чистење снег се едни од омилените на ВМРО.
Снежните наноси по патиштата се идила за градоначалниците од тендер коалицијата ВМРО-ЗНАМ кои уште денес ќе фактурираат илјадници тони сол.
Сепак тешко е солта да се доброи па останува да ги бројат парите кои ги украдоа од граѓаните.
Нема пари за плати, за пензии, за опрема за чистење. Пари има само за тендери за ортаците на ВМРО и Мицкоски.
Со криминални политики вака ќе изгледа иднината на Македонија – блокирана од сите. Црна точка во Европа.
Центар за комуникации со јавноста на СДСМ
Ново на Сител
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
-

Се е подготвено за Водици во Охрид
-

Втор смртен случај поради компликации од грип на Инфективна
-

Мицкоски: Во политиката нема празен простор
