Македонија
3. August 2022 - 16:36

СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ со меѓусебни обвинувања за прославата на Мечкин Камен

Ниту овој Илинден не се одбележа без вообичаените партиски препукувања.

Исвиркувања, но и аплаузи- се вееа европски знамиња, но имаше и обвинувања за полициска бруталност. За власта најголемиот државен празник помина масовно, гордо и достоинствено, за опозицијата се работи за партизирана прослава каде биле присутни само партиски активисти.

Од СДСМ со обвинувања на адреса на ВМРО-ДПМНЕ- партијата на Мицкоски нема основно чувство на државност и свесно погазиле по идеалите на Илинден и жртвите од Илинденското востание.

Од најголемата опозициска партија пак обвинија за полициска бруталност на прославата, поради како што велат стравот на Ковачевски од граѓаните. Кога ќе дојдат на власт уверуваат дека на прославата ќе може да присуствуваат сите граѓани, а не само партиски активисти на владејачката СДСМ.

Денот на Републиката и годишнината од првото заседание на АСНОМ, со државни делегации, но и претставници од други партии се одбележа традиционално на Мечкин Камен, Пелинце и за прв пат по речиси две децении во манастирот Прохор Пчински.