СДСМ: Нема реформи, за две години нецелосно завршени 2 од 10 точки од Реформската агенда

Мицкоски нека ги внесе малцинствата во Уставот или нека излезе пред граѓаните и јавно да признае дека не сака членство во ЕУ, велат денеска од опозициската СДСМ и потсетуваат дека остануваат уште два дена од ветувањето на премиерот за исполнување на точките од Реформската агенда.
Остнуваат уште само 2 дена до 1 јуни, до кога Христијан Мицкоски јавно вети пред граѓаните дека целосно ќе ги исполни сите точки од Реформската агенда и обврските за продолжување на европскиот пат. 2 дена до уште едно неисполнето ветување на Мицкоски и уште една лага. Нема реформи, нема ниту документи за екстрадиција на Груевски и негово враќање во затвор, го има само Стоилковиќ и Кина кој стратешки работи против стратешкиот партнер САД. Мицкоски лажеше за враќање на името, лажеше за поништување на Преспанскиот договор, лажеше дека е загрозен македонскиот идентитет, јазик и култура а денес лаже за Реформската агенда, велат од опозициската партија.
Ново на Сител
-

Загрозен балканскиот рис
-

Баргала, 16 века историја собрани во една книга
-

Преглед на вестите од светот
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Тема на денот со Горан Герасимовски, градоначалник на Центар и потпретседател на СДСМ
-

Мицкоски: Ива и татко и кога-тогаш ќе одговараат
-

Самит на европските лидери – дали ќе се ограничи употребата на ветото?
-

Работен документ на ЕК : Сите членки мора да се согласат за нов јазик
