СДСМ: За шест години СДСМ ја зголеми просечната пензија за 40%
СДСМ постојано презема мерки и решенија за унапредување на животниот стандард на пензионерите.
Според официјалните податоци, во 2016 година, просечната пензија изнесуваше 13.754 денари, а денес во 2023 година таа изнесува 19.106 денари, што е покачување од 40 отсто во време на мандатот на владите предводени од СДСМ.
За постојан и навремен раст на пензиите, СДСМ заедно со пензионерите донесе нова методологија со која пензиите се зголемуваат на секои шест месеци.
Откако е донесена оваа методологија пензиите за само 18 месеци од јануари 2022 до септември оваа 2023 година, ќе се зголемат за 26 отсто.
Во време на најголема светска економска криза, во два наврати им помогнавме на пензионерите.
Сите пензионери во најкризните месеци, март, април и мај 2022 година добија по 1.000 денари додадок на пензија, а потоа во времетрање од четири месеци има беше помогнато на пензионерите со најниски пензии со дополнителна финансиска помош од 750, односно 1.500 денари.
СДСМ донесе системско решение за фер и праведно зголемување на пензиите на сите 330.000 пензионери, со кое растот на пензиите, никогаш повеќе нема да зависи од нечија политичка волја, туку тоа ќе се одвива на секој шест месеци како збир од проценти од официјални статистички податоци.
Никој не треба и не смее да манипулира со пензионерите, нашите највозрасни сограѓани кои ја граделе оваа држава треба да имаат услови за достоинствен живот, а ние како СДСМ токму тоа им го овозможуваме и затоа, ќе продолжиме со вистинска грижа за нашите сограѓани пензионери.
СДСМ
Центар за комуникации со јавноста
Ново на Сител
-
Поранешните директори на Онкологија одат во притвор
-
Идната недела пресуда за убиството на Вања и Панче
-
Мерко осуден на казна од 10.000 евра за незаконско именување директори
-
Повторно одложено судењето за Веаповска
-
На Пониква утре заминуваат 46 од повредените во пожарот во „Пулс“ - Во тек е реконструкција на кочанската болница
-
Партиите си разменуваат обвинувања во пресрет на изборите
-
Трошоците за живот растат - Синдикалната кошница во јуни изнесува 64.698 денари
-
Преглед на вестите од светот