Се очекува Радев да поднесе оставка до Уставниот суд

Се очекува бугарскиот претседател Румен Радев денеска да ја поднесе својата оставка до Уставниот суд. Радев ја објави својата одлука вчера во обраќање до бугарскиот народ, во кое најави дека им се обраќа на граѓаните за последен пат како претседател на земјата.
„Денес ви се обраќам за последен пат како претседател на нашата Бугарија. Пред сè, сакам да побарам прошка. Времето ја стави вашата доверба на тест, затоа ви благодарам за вашето трпение. Ги признавам моите грешки, свесен сум за тоа што не успеав да постигнам. Но, токму мојата верба дека ќе го постигнеме тоа е еден од главните мотиви за мојата одлука“, рече претседателот. „Убеден сум дека Илијана Јотова ќе биде достоен шеф на државата“, истакна тој.
Според член 97 од бугарскиот Устав, една од опциите за предвремено прекинување на овластувањата на претседателот и потпретседателот е поднесување оставка до Уставниот суд. Откако претседателот ќе поднесе оставка, неговите овластувања престануваат по утврдувањето на горенаведените околности од страна на Уставниот суд. Според основниот закон, кога шефот на државата поднесува оставка, потпретседателот ја презема функцијата претседател до крајот на мандатот. Сегашен потпретседател на Бугарија е Илијана Јотова.
Румен Радев е петтиот демократски избран претседател на Република Бугарија, според веб-страницата на шефот на државата. Тој беше избран за својот прв мандат во ноември 2016 година, а во ноември 2021 година беше реизбран за втор мандат. Во периодот 2014-2016 година, Румен Радев беше командант на бугарските воздухопловни сили.
До денес, немало случај на оставка од страна на претседател на Бугарија.
МИА
Ново на Сител
-

Мартин Гоџо го фати крстот во Охрид
-

Дарко Митровиќ го фати крстот во Скопје, двајца завршија во болница поради премрзнување
-

Масовно одбележување на Водици низ Македонија
-

Во осветените води на Плетварското Езеро кај Прилеп по 6-ти пат се одбележа празникот Богојавление или Водици
-

Утре почнува второто полугодие – ако децата се болни да не одат на училиште, советуваат педијатрите
-

Заменик министерот за образование Алиу поднесе оставка
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Жана Базби
