Се празнат училиштата
Се празнат училишта во Охрид.Иако проблемот е поизразен во руралните средини сепак се помал е бројот на ученици и во градот. За разлика од минатото кога во една паралелка имаше над 30 деца сега градските советници изгласаа паралелки со помалку од 20 и 25 ученици во основните училишта.
Трендот на иселување во потрага по подобри услови, напредок и образование си го направи своето.
Поразителни се статистичките бројки за намалувањето на живородените деца во Охрид и Струга, додека на ниво на државата оваа бројка е буквално преполовена, покажуваат официјалните податоци на Државниот завод за статистика .
Минатата година во Охрид се регистрирани вкупно 399 живородени бебиња, а оваа бројка е за 28 помалку во однос на 2023 и за 15 помалку во однос на 2022 година.
-
Нина Аритоновска
Сите содржини од овој новинар